Најчесто Поставувани Прашања

1. Како да се регистрирам?

Многу едноставно. Само внесете Ваше уникатно корисничко име и лозинка како и Вашата e-mail адреса. Можете да се регистрирате и преку Вашиот Фејсбук профил.( Само кликнете ,,Најавете се со Фејсбук" )

2. Како да огласувам?

Огласувањето на www.e-plakar.mk е бесплатно. Треба само да кликнете на полето ,,ОГЛАСУВАЈ БЕСПЛАТНО''. Потоа одберете категорија каде сакате да го поставите Вашиот производ. Дадете описен наслов за полесно пребарување како на пр. ,,Нова црна јакна''. Потоа можете да ги прикачите фотографиите од Вашиот производ, да внесете опис и цена за истиот и Вашиот телефонски број. Исто така потребно е да внесете дали огласувате како ,,Физичко лице'' или како ,,Претпријатие''

Фотографии

Можете да поставите до 6 фотографии од Вашиот производ. (Не е задолжително да прикачите фотографии, меѓутоа е препорачливо. Квалитетните фотографии сликани со добро осветлување ги зголемуваат можностите за побрзо и полесно да го продадете производот.)

Ново со етикета, ново без етикета или користено

,,Ново со етикета'' се однесува на производите кои сеуште имаат етикета или се спакувани во оригиналното пакување. Доколку производот не е користен меѓутоа нема етикета ниту пак своето оригинално пакување, во тој случај означете го со ,,ново без етикета'' . Ако сте го користеле производот кој го огласувате меѓутоа истиот е добро зачуван, означете го со ,,користенo''. А за оние со вешти раце постои полето ,,Рачна изработка‘‘

3. Како да изменам или избришам оглас?

Откако ќе се логирате преку Вашиот профил, кликнете на полето ,,Мој профил'' каде можете да ги видите сите Ваши огласи. Под секој оглас стојат полињата ,,Промени го овој оглас | Избриши''.

4. Како да го купам производот кој ми се допаѓа?

Можете да го исконтактирате огласувачот преку порака на неговиот/нејзиниот профил или преку телефонскиот број кој е напишан во огласот. Откако ќе исконтактирате со огласувачот  можете да се сретнете со него/неа или да Ви го испрати производот по брза пошта.

5. Како да платам за производот кој го сакам?

www.e-plakar.mk не остварува никаква добивка од продажбата на производите кои се огласени тука. Кога ќе пронајдете нешто што Ви се допаѓа, го контактирате огласувачот и се договарате меѓусебно за цената на производот и начинот на плаќање.

6. Зошто мојот оглас е избришан?

Може да има повеќе причини зошто Вашиот оглас е избришан.

- Доколку производот се наоѓа во погрешна категорија.

- Доколку производот не припаѓа на ниедна од понудените категории. На пример автомобил, земјиште и.т.н

- Доколку производот е во лоша состојба