Правила и услови за користење

 

Со пристапување на www.e-plakar.mk Вие ги прифаќате правилата и условите за користење. Го задржуваме правото на промена на условите за користење во било кое време. Промените стапуваат на сила во моментот на објавување. Корисникот е должен да ги прочита правилата и условите за користење и се смета дека е во тек со најновите измени и дополнувања.

Правила и услови за користење:

  • Огласот треба да содржи специфични податоци за производот кој се продава. Сликите кои се поставуваат, треба да одговараат на производот кој се продава.
  • www.e-plakar.mk го задржува правото да ги избрише содржините кои според описот и/или содржината не се вклопуваат во природата на страницата.
  • www.e-plakar.mk го задржува правото да ги избрише огласите или профилите кои не исполнуваат одредени критериуми и не се придржуваат до правилата и условите за користење. Исто така www.e-plakar.mk има право да го измени или избрише огласот и тоа без претходна најава кога:


-  Огласот е објавен во погрешна категорија.

-  Производот или огласувачот ги прекршува авторските или правата на интелектуална сопственост на трети лица, на било кој начин.

-  Содр
жината на огласот содржи дискриминаторски аспекти и други материјали кои се забранети со законот.

-  Содржината на огласот е во било која смисла навредлива.

-  Огласот е сомнителен односно ако содржи работи кои се украдени или илегални.

-  Огласот на било кој начин го нарушува квалитетот на содржината.

  • · www.e-plakar.mk го задржува правото на измена и дополнување на поединечен оглас, а при тоа да не се смени главната содржина на огласот (печатни грешки, дополнување на податоци и.т.н).
  • · На www.e-plakar.mk е дозволено да се прикачуваат само работи кои се нови или добро зачувани. Илегални и недозволени содржини не е дозволено да се прикачуваат и истите ќе бидат отстранети.
  • · Со објавувањето на огласите, корисникот неотповикливо го овластува www.e-plakar.mk да ја користи содржината, копира, објавува и дистрибуира и во други медиуми. www.e-plakar.mk нема да ги објавува личните податоци на корисникот во другите медиуми, туку само дел од содржината на огласот и линк до сајтот на www.e-plakar.mk.

Одговорност:

  • Сите објави, огласи, текстови, пораки, фотографии, видео снимки и други материјали кои се објавени на сајтот се исклучиво одговорност на лицето кое ги поставува. www.e-plakar.mk не гарантира за точноста, потполноста или автентичноста на таа содржина и не превзема одговорност за содржините објавени од страна на корисниците.
  • www.e-plakar.mk не превзема одговорност за квалитетот и/или описот на произво дите коишто корисниците ги разменуваат, подаруваат, продаваат или купуваат на страната. Корисникот самостојно одговара и гарантира за секој производ којшто го објавува на страницата.
  • www.e-plakar.mk не сноси никаква одговорност за неостварени трансакции и/или зделки. Сите евентуални спорови кои можат да настанат помеѓу корисниците и огласувачите (на пример заради невистинитост на податоците, содржината на понудата, производите, цената и сл) се решаваат исклучително само помеѓу корисникот и огласувачот. www.e-plakar.mk не презема одговорност за било каква штета која настанала како последица од таквите односи.
  • www.e-plakar.mk не сноси никаква одговорност за било какви парични или нематеријални штети коишто може да бидат нанесени од страна на физичко или правно лице, а кои може директно или индиректно да бидат поттикнати од содржините на   www.e-plakar.mk

Приватност:

  • Сите информации поврзани со корисниците на www.e-plakar.mk се строго доверливи и нема да се користат без согласност на корисникот. Личните податоци коишто ќе се користат за идентификација на корисниците нема да се даваат на трети лица без согласност од самиот корисник.
  • Корисникот е должен да се грижи за безбедноста на својата лозинка и повремено да ја менува. www.e-plakar.mk не презема одговорност во случај на злоупотреба на лозинката.
  • Со самото регистрирање како член на страницата, корисникот се согласува со правилата и условите за користење на страницата. Доколку истите се прекршат корисникот ќе биде блокиран.
  • Администраторите на www.e-plakar.mk имаат потполно право да ги користат сите податоци кои членот ги внел при регистрирањето.
  • Администраторите на www.e-plakar.mk ги задржуваат сите авторски и интелектуални права врз фотографиите и мислења кои ги прикачуваат на страницата. Податоци за корисник којшто ќе постави контрадикторни информации може да се споделат со други лица само во согласност со законите на Република Македонија.  Со закон се забранува било какво копирање нa страницата, или на дел од неа, без предходна писмена согласност од страна на администраторите на www.e-plakar.mk . Исто така, строго се забранува преведување на други јазици, адаптација, репродукција или превземање слични акции коишто можат да ги прекршат правата на основачите на www.e-plakar.mk . Ексклузивните права за логото и брендот се регулирани и заштитени со законот на Република Македонија.