Како до подобра фотографија?

Како до подобра фотографија?

Не мора да имате скапа опрема ниту професионално студио за да направите добра фотографија од артиклите кои ги продавате.

Направете Ваше,,студио’’. Се што Ви е потребно е маса (или некоја друга рамна површина), бел хамер (или блок 4 за цртање) и мобилен телефон (или апарат за фотографирање). Доколку производот е поголем, можете слободно да искористите и испеглан бел чаршав кој ќе биде добро оптегнат на краевите. Најдобро е да фотографирате на природно светло. Ако сте активен огласувач Ви предлагаме да направите и Ваш ,,Light box set’’ Начинот на изработка можете да го видите на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=T6fnHEvLyAE

studio primer

Пример за како да изгледа ,,студиото’’

Каква позадина да користите?

Наш предлог е секогаш да користите еднобојна позадина, најдобро во бела боја (освен доколку предметот е бел, тогаш употребете позадина во друга боја), бидејќи во тој случај фокусот е на самиот производ.  Препорачуваме да употребувате ,,мирни’’ бои наместо јаки и дречливи бои .

sarena_pozadinabela_pozadina

Разлика меѓу производ сликан на шарена и на бела позадина

Блиц – да или не?

Добро е да користите блиц доколку јачината на истиот можете да ја подесувате. Не препорачуваме користење на блиц доколку фотографирате со компактен фотоапарат или со мобилен телефон. Во  тој случај тешко е да ја доловите вистинската боја на предметот и неговите детали. Подобро е да користите две лампи и да фотографирате без блиц.

Заматени фотографии

Доколку веќе сте се решиле да го продавате конкретниот артикл одвојте повеќе време и направете квалитетни фотографии.  Доколку се заматени или темни и Вашиот производ не се гледа во целост направете нова фотографија, во спротивно  потенцијалниот купувач нема да Ве исконтактира или пак ќе побара нови фотографии, па повторно ќе треба да го фотографирате истиот производ. J

Описот на предметот и фотографијата = Најдобри пријатели J

Се она што не сте успеале да го доловите со фотографијата, напишете го во описот. И се она што не сте успеале да го доловите со описот, пробајте да го доловите со фотографијата. На пример доколку објавите обувки и напишете дека имаат мало оштетување на левата страна меѓутоа не сте го прикажале истото со слика купувачот може само да претпоставува како тоа изгледа, а најчесто замислата е полоша од реалноста, па како резултат на тоа нема ни да размисли да го купи производот. Дури и да ја замисли ситуацијата подобра отколку што е, по купувањето ќе биде разочаран.

Ви благодариме на вниманието и ги очекуваме и Вашите предлози на eplakar@gmail.com